Продолжува замената на старите светилки со лед-арматури за поефикасно осветлување
Продолжува замената на светиликите
во уличното осветлување со штедливи светилки во општина Гевгелија. Екипите на избраната фирма на годинашниот тендер за одржување на уличното осветлување во општина Гевгелија „Пеливанов“ од Фурка изминатиов период работеа на замена на старите светилки со 100 ватни лед-арматури на улицата „Петар Мусев“ пред Општинското основно училиште „Крсте Мисирков“- Гевгелија, на улицата „Љубљанска“, во кругот на станбените згради и на потегот од улицата „Седми Ноември“ до зградата на поранешниот ЗИК „Винојуг“. Комплетно се изврши замена на старите светилки со нови 50 ватни лед-светилки на паркот кај Железничката станица, познат како „Виолета“. Дополнителни нови арматури се поставија на улицата „Никола Карев“- Гевгелија, со што значително е подобрено осветлувањето.
Исто така, континуирано се работи и на подобрувањето на уличното осветлување во населените места. Така, во Миравци, на главната улица во централното подрачје „Маршал Тито“ се заменети старите светилки со 100 ватни лед-арматури. Додека, во централното подрачје на Богородица и Негорци се поставени 150 ватни лед-светилки.
Следна локација каде ќе се работи на подобрување на осветлувањето е паркот каде што се наоѓа Спомен-Костурницата, кај Градската библиоетка „Гоце Делчев“- Гевгелија. Предвидена е замена на светилките со нови лед-арматури од 50 вати на сите канделабри. Поточно, на улиците „Сава Михајлов“ и „Панче Пешев“ до новиот пазар, на улицата „Коле Неделковски“, на дел од улицата „Железничка“. Замена на светилките со лед арматури ќе биде извршено на сите улици во Гевгелија, каде што се поставени канделабри. Покрај ова, редовно се врши и замена на живини 125 ватни со натриумови 70 ватни сијалици.
Во првата фаза, на улицата „С.М.Данко“ се изврши замена на сите 250 ватни арматури нови лед-ламби од по 100 и 150 вати. И тоа, од булевар „Гевгелија“ се до улицата „Миле Пецанов“, на улицата „Маршал Тито“ од од кружниот тек кај поранешна Касарна до Железничката станица, од крстосницата на улиците „Железничка“ и „Илинденска“ до улицата „С. М. Данко“ и понатаму на улицата „Радован Ковачевиќ.
- Општина Гевгелија постојано се залага за поголема енергетска ефикасност, поради што и годинава посебно внимание ќе посветиме на уличното осветлување. Но, не само за сервисирање на настанатите дефекти, туку преку една поамбициозна програма да обезбедиме заштеда на енергија. Се разбира, тоа ќе значи и заштеда на средства во Општинскиот буџет наменети за оваа цел, истакна градоначалникот Поцков кога започна првата фаза од реализацијата на акцијата за одржување на јавното осветлување во општина Гевгелија.