Започна со работа Детската градинка „Развигорче“ во Прдејци
Денеска, официјално започна со работа
новата Градинка „Развигорче“ во Прдејци. Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, заедно со директорката на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, го посетија објектот, во кој првенствено се згрижени 14 дечиња, посакувајќи им удобен престој и исполнети денови во многу игра и дружба со другарчињата во Градинката. Додека, на вработените успешна работа.
Како што истакна директорката на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, Елизабета Стоименова, приемот на дечињата се одвиваше согласно протоколите за работа и почитување на заштитните мерки од КОВИД-19. Децата кои се згрижени и престојуваат во објектот се на годишна возраст од 2 до 6 години. Моментално, Градинката располага со тројца вработени, еден помошен готвач, еден воспитувач и еден негувател.
За изградба на градинката од Општинскиот буџет, во првата фаза, беа издвоени скоро 5 милиони денари, како и дополнителни 900.000 денари за завршните работи. Додека, мебелот и опремата беа обезбедени од Министерството за труд и социјални работи.