Советот на Општина Гевгелија на 23 април ќе расправа за Кварталниот извештај
Советот на Општина Гевгелија, на 23 април,
2021 година, ќе ја одржи својата 61 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Салата на хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. На седницата, членовите на Советот ќе работат по следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година, за периодот 1.1.2021 година - 31.3.2021 година (кумулативно);
2. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година;
3. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Програмата за комунално уредување во Општина Гевгелија во 2021 година;
4. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Програма за локални патишта и улици во Општина Гевгелија во 2021 година;
5. Предлог-Одлука за измени и дополнувања на Предлог-Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на Локалниот економски развој (ЛЕР) и прекугранична соработка за 2021 година;
6. Предлог-Статутарна Одлука за измена и дополнување на Статутот на Општина Гевгелија.
7. Предлог-Одлука за усвојување на физибилити студија по „ESCO“ модел за јавно приватно партнерство за улично осветлување во Општина Гевгелија;
8. Предлог-Одлука за усвојување на референтна вредност на потрошувачка за електрична енергија за улично осветлување во Општина Гевгелија;
9. Предлог-Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
10. Предлог-Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
11. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија за реализација на проектот „Адаптација на сместувачки објект во туристичко место Смрдлива Вода“;
12. Предлог-Одлука за позајмица на средства од Општинскиот буџет за реализација на проектот „Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси“;
13. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување во Општина Гевгелија за 2021 година;
14. Предлог-Одлука за давање под закуп за користење и стопанисување со објект КП 1082 КО Ума во сопственост на Општина Гевгелија;
15. Предлог-Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија;
16. Предлог-Одлука за давање на користење, одржување и управување на Детската градинка „Развигорче“ во Прдејци, општина Гевгелија, на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија;
17. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија за 2021 година;
18. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија за 2021 година;
19. Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ- Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија;
20. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2021 година;
21. Предлог-Решение за разрешување на член од Надзорен одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија;
22. Предлог-Решение за именување член во Надзорен одбор на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија.