Онлајн- јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Ветерен парк- Петрово“
Министерството за животна средина
и просторно планирање организира онлајн-јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот „Ветерен парк „Петрово““ во општина Гевгелија. Јавната расправа ќе се одржи на еллектронската платформа Мicrosoft Teams, на 26 април, 2020 година (понеделник), со почеток во 11:00 часот. Сите заинтересирани граѓани можат да се вклучат на расправата на следниов линк:
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот е објавена на веб-страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk <http://www.moepp.gov.mk/>).