Останува во сила забраната за движење од 21 до 27 април, во периодот од 20 до 5 ч.
Владата на РСМ, на 66 седница, донесе одлука
со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на КОВИД-19, кои беа со важност до 20 април 2021 година (вторник), да продолжат да се применуваат до 27 април 2021 година (вторник).
За време на забраната и посебниот режим на движење на граѓаните на територијата на Република Северна Македонија, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и што имаат домашни миленичиња (кучиња), може да ги изнесуваат надвор од своите домови во вечерните часови во времетраење од еден час, почнувајќи од 22:00 до 23:00 часот, најмногу до 100 метри од објектот каде живеат. На граѓаните, кои извршиле имунизација/вакцинација во центрите за вакцинација, во временски период непосредно пред започнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање до своето живеалиште/престојувалиште врз основа на потврдата за извршена вакцинација.
Продолжува да важи забрана за посетители-гости во сите угостителски објекти (кафетерии, ресторани, барови, клубови) и други објекти кои во склоп на истиот даваат угостителски услуги, како и во угостителскиот објект/дел за исхрана во угостителските објекти за сместување (хотел, мотел, хостел, пансион и друг објект за сместување) или на бензинските станици, а оние угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн или телефонски нарачки и слично) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект (преку штанд/пулт).
Продолжува да важи забраната за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт), односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители. Продолжува да важи забраната за посетители, гости во сите обложувалници, односно приемот на посетителите и работата на обложувалниците да биде овозможено исклучиво преку вршење на шалтерска услуга (шалтер, штанд, пулт), односно угостителскиот објект/дел во обложувалниците, како и во казината, да биде затворен за посетители.
Исклучок за дел од овие мерки ќе биде дозволен за организирање, одржување и учество на секаков вид семинари, обуки, работилници, курсеви, конференции и други настани во организација на Министерството за образование и наука за наставниот кадар, а се однесуваат на континуиран и непречен тек на образовниот процес во основното и средното образование по строго наменски протоколи.
Исклучок се донесува и за организирање и одржување на пионерски, кадетски и младински спортски натпревари, како и професионални спортски натпревари, без присуство на публика и исклучиво во согласност со наменски одобрени протоколи и по претходно извршено ПЦР тестирање пред натпреварите организирано од страна на клубовите.
Продолжуваат да важат дозволите издадени на барање на правни лица/институции, односно за движење на физички лица само за службени потреби. Остануваат да важат дозволите за движење на регистрираните земјоделци, евидентирани во Подрачните единици на Министерството за внатрешни работи и на нерегистрираните земјоделци/сточари на кои им се издадени дозволи за движење од Општинскиот кризен штаб за извршување на работните обврски во атарот (местото на живеење) исклучиво за извршување на работните обврски.