Гевгелиските основни училишта дел од иницијативата на БРО за одбележување на Светскиот ден на планетата Земја
По повод, 22 април, Светскиот ден на планетата Земја,
четирите основни училишта од општина Гевгелија: „Владо Кантарџиев“, „Крсте Мисирков“, „Ристо Шуклев“- Негорци и „Климент Охридски“- Миравци ја прифатија иницијативата од Бирото за развој на образованието да учествуваат во одбележување на Денот. Учениците, преку алатката за реализирање онлјан-настава Teams, следеа презентации и одговараа прашања преку квиз. Целта на оваа иницијатива на БРО под мотото „Немаме резервна планета, планетата Земја е наш дом“, е учениците да научат нешто ново за планетата Земја и да им се вроди поттик за реализирање акции, со кои би ја заштитиле животната средина.
Инаку, учениците заедно со своите наставници, по повод Денот на планетата Земја, ќе реализираат и воннаставни активности. На тема „Планетата Земја“, ќе се претстават со ликовно-уметнички творби, книжевно творештво и сл.