Директорот на ЦУК, Ангелов, ги посети ТПЦ „Винојуг“ и РЦУК- Гевгелија
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
оствари работна средба со в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на која разговараа за состојбата во општина Гевгелија за време на КОВИД-пандемијата и преземените мерки и активности за справување во насока на заштитата на јавното здравје и економската криза.
Имено, при денешното гостување во Гевгелија, Ангелов, заедно со преставници од Француската Амбасада ги посетија Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ на јужната граница и Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК- Гевгелија. Целта на посетата беше непосредно запознавање со реалната состојба за постоење кризна состојба на подрачјата на јужната и северната граница, согласно Одлуката на Владата на РСМ. Но, и за активностите за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите на територијата на државата.
Одлуката на Владата на РСМ за постоење кризна состојба на дел од територијата на државата, на јужната и северната граница е донесена согласно заклучоците произлезени на седницата на Управувачкиот комитет и разгледувањето на заклучоците од страна на Главниот штаб при ЦУК. Врз основа на заклучоците, е донесен Акциски план за превенција и справување со влезот и транзитирањето на мигрантите на територијата на државата, како превентива од зголемен обем на влез на мигранти и заштита на јавното здравје во услови на пандемија.