Од 1 мај- електронски упис на првачиња
Годинава, покрај запишувањето на првачиња
со поднесување на соодветните документи во училиштата, од 1 мај ќе биде воведена нова електронска услуга, со која родителите идните првачиња ќе можат да ги запишуваат електронски.
Уписот ќе се врши преку порталот uslugi.gov.mk, каде што родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, ќе се одреди термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
За оние родители кои поради каква било причина немаат можност да ја искористат оваа електронска услуга, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.
Процесот на дигитализација на услугите во образованието е поддржан од Центарот за управување со промени, Владата на Обединетото Кралство, Британската амбасада во Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.