Бетониран крак од улица „Ѓорги Сугаре“- Гевгелија
Со градежната офанзива на Општина Гевгелија
за подобрување на локалната патна инфраструктура, согласно Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Општина Гевгелија во 2021 година, заврши и уредувањето на крак од улицата „Ѓорги Сугаре“ во Гевгелија. Според планот за бетонирање на помали улици и краци, фирмата „Мансард“ која годинава ги изведува градежните работи, ќе продолжи со бетонирање на крак од улицата „Ѓорги Стамнов“, сокачето напоредно до ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија. Пред бетонирањето на овој крак, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија ќе ја санира комуналната инфраструктура. Предвидено е деновиве да се уредат и краци во населените места Богородица и Петрово. Но, и во останатите населени места.
Досега, од започнувањето на пролетната акција, бетонирани се 11 крака. И тоа: крак од улица „Никола Карев“, два крака од улица „Кожуф“, два крака од улицата „Серменинска“, тротоарот на улица „Ѓорѓи Стамнов“, крак од улицата „Белградска“- пристапниот пат позади Детската градинка „Детска радост“- Гевгелија, крак од „Деко Ковачев“, крак од „11 Октомври“, по еден крак од улиците „Ристо Јанев“ и „Кузман Шапкарев“.
Додека, во стопанската зона „Ракита“ на трите поголеми пристапни патишта се уште се во тек активностите за поставување на бетонски рабници, по што ќе уследи асфалтирање на истите.