Онлајн-форуми за идентификување на специфичните потреби и приоритетите на граѓаните од општина Гевгелија
Општина Гевгелија во соработка со:
Центарот за истражување и креирање политики, Лулуди, Рурална Коалиција, Новинари за човекови права и ЕХО-Штип, а во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, организираат онлајн-форум во заедницата. Трите сесии ќе се одржат онлајн на платформата ZOOM во периодот од 21 мај до 1 јуни, со времетрање од 11:00 до 13:00 часот и тоа на следниве теми:
I сесија- Дефинирање проблеми и предизвици - 21.05.2021,
II сесија- Дефинирање на предлог- решенија 25.05.2021,
III сесија- Презентирање на резултати и следни чекори 01.06.2021.
За учество на форумот, заинтересираните граѓани треба да се регистрираат на долунаведениот линк, каде по пополнувањето на краткиот прашалник, на меилот кој го запишале, ќе им биде испратен линк за првата сесија. На денот на сесијата, со кликнување на линкот ќе бидат директно вклучени на Форумот.
Линк за регистрација:
https://us02web.zoom.us/meeting/register/tZwoceGgqDkvHNFe-9mTQk9iGZnJkLIAdCN_
Форумот во заедницата ќе овозможи идентификување на специфичните потреби и приоритети на граѓаните од сите групи во општина Гевгелија, а со цел обезбедување услови за приоретизирање на програмите и проектите како и истовремено подобрување на структурата на програмите во Oпштината.