Општина Гевгелија апелира до граѓаните за заштита од пожари
Поради престојниот период на пожари кој следи,
Општина Гевгелија упатува апел до граѓаните да внимаваат при посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери.
Се предупредуваат патниците кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не се предизвикаат пожари долж патните комуникации. Лицата кои во периодот на зголемени надворешни температури мораат да спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, посебно при палење на сртништата да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината.
Се замолуваат граѓаните доколку забележат одредени сомнителни места на кои е присутен оган или дим, веднаш да ги известат надлежните служби во најблиските институции и установи или да се јават на телефонскиот број 193 или на 034/211-881 .
Инаку, Територијалната противпожарна единица во Гевгелија е целосно подготвена за дејствување и заштита од пожари, во пресрет на летната сезона. Минатата година се евидентирани вкупно 134 пожари. Од нив, 31 пожари биле на објекти, на отворен простор 64, на сообраќајни средства имало 4, технички интервенции 8 и останати, 10 случаи.