Наскоро, ќе се реконструира улицата „Методија Андонов Ченто“ во Мрзенци
Во најскоро време, се очекува да започнат
градежните активности за реконструкција на дел од улицата „Методија Андонов Ченто“ во населеното место Мрзенци. Во рамките на Проектот за поврзување на локални патишта кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, Општина Гевгелија аплицираше со проект за реконструкција на дел од ул. „Методија Андонов Ченто“ во н.м. Мрзенци со должина од 839,0 мeтри.
За таа цел, Единицата за имплементација на проектот (ЕИП) во рамките на Министерството за транспорт и врски согласно политиките и барањата во делот на животна средина и социјални аспекти на Светска Банка, односно Рамката за животна средина и социјални аспекти - Стандард за животна средина и социјални аспекти 10, воведе Механизам за жалби и поплаки со кој ќе се обезбеди одговор на сите жалби и поплаки, особено на засегнатите и заинтересирани страни и заедницата севкупно.
Како дел од спроведувањето на проектот, Општина Гевгелија пред започнување на градежните работи е обврзана да ја информира јавноста, локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот. Граѓаните тоа ќе можат да го сторат преку два документи и тоа: Механизам за жалби и поплаки преку примање на жалби и поплаки и нивно процесуирање и решавање и Образец за поплаки за целото спроведување на проектот во делот на неговата реализација при изведувањето на градежните работи на терен.
Двата документи се објавени на веб-страната на Општина Гевгелија и можат да се најдат на следниот линк: Проект за поврзување на локалните патишта – Mеханизам за жалби и поплаки .