Општина Гевгелија: Пријави корупција!
Поаѓајќи од заложбите за владеење на правото,
обезбедување на одржлив економски и општествен развој, поттикнување на јавната доверба во локалните власти, целосно и непречено остварување на правата и слободите на граѓаните како и поттикнување на нивното учество во носењето одлуки на локално ниво, Oпштина Гевгелија усвои Политика на интегритет во ЕЛС. Целта на оваа политика е да промовира интегритет на политичко и на административно ниво, како основа за поттикнување на етичко однесување, отпорност кон корупција, создавање на услови за општествен развој, учество на граѓаните во одлучувањето за локалните потреби и интереси и поголема доверба на граѓаните во ЕЛС. Согласно горенаведеното, номинирано лице од Општина Гевгелија, овластено за пријавување корупција е вработената Ана Ристова. Граѓаните на општина Гевгелија можат да пријават корупција на тел. бр. 076 234 572 и на е-маил адресата: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Политиката на интегритет ги опфаќа oрганите на Општина Гевгелија (членките и членовите на Советот и Градоначалникот) и сите вработени во општинската администрација. Во Општина Гевгелија не се толерира коруптивно однесување! Kорупцијата претставува сериозна закана за владеењето на правото, демократијата, човековите права и слободи, еднаквоста и социјалната правда, која го поткопува развојот и ја загрозува стабилноста на демократските институции, како и моралните основи на општеството. Согласно Политиката на интегритет, во Општина Гевгелија не се толерира која било друга форма на неетичко, казниво или друго незаконито однесување и се стреми кон развој на силна организациска структура и кохерентен систем за управување со интегритет.
Повеќе информации на следниов линк: Пријави корупција!