Општина Гевгелија со висок индекс на транспарентност
Општина Гевгелија е една од 26-те институции
со висок индекс на активна транспарентност во 2021 година. Според објавените резултати од редовното годишно рангирање на институциите за индексот на активна транспарентност, односно објавување информации од јавен карактер, Општина Гевгелија е рангирана на 19 место, со 85,7% во категоријата на институции оценети со оценка- многу добра. На ниво на активна транспарентност на десетте општини од Југоисточниот регион, Општина Гевгелија го зазема високото второ место.
Инаку, истражувањето го спроведе Центарот за граѓански комуникации, во март, 2021 година, во кои беа вклучени 98 институции. Односно, Владата, сите министерства и општини. Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.