Интензивирани градежните активности на патниот правец Негорци-Кованец
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков,
денеска изврши увид во градежните работи на патниот правец Негорци-Кованец. Според интензитетот и реализацијата на активностите, градежната фирма „Топ билд“ од Скопје, денеска ќе го заврши асфалтирањето на овој пат. Имено, се асфалтира дел од патниот правец, во должина од 200 метри, кој беше оштетен поради дождовите. Пред финалните активности, со соодветна механизација оштетениот дел беше раскопан, нивелиран и тампониран, а на одредени места каде што имаше можност за проширување, се изврши пробивање. Додека, од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија беа изведени нови приклучоци на водоводни и канализациони линии за жителите кои живеат околу.
Поцков истакна дека по асфалтирањето на патниот правец Негорци-Кованец, исто така, ќе бидат санирани и помалите штети на улиците и патиштата во Негорци. Со што, ќе бидат задоволени потребите и квалитетот на животот на жителите од овие две населени места.