Најавени нови 10 турски инвестиции во општина Гевгелија
Во општина Гевгелија утврдени се најмалку
10 нови турски инвестиции, во зоната на Коридорот 10, на средбата во Истанбул, помеѓу премиерот на РСМ, Зоран Заев и претседателот на Р. Турција, Таип Ердоган.
- Разговаравме и мислам дека утврдиме најмалку 10 нови турски инвестиции, во зона којашто ја разработуваме на Коридорот 10, во Гевгелија. Се работи за инвестиции од секаков вид во преработувачка индустрија, коишто се стратешки поставени за европскиот пазар, нешто за кое што нашите комори подолг период разговараа, а сега го утврдивме. Заедно со претседателот на вечерата беа соодветните министри со кои што разговаравме и за ваквите детали, истакна Заев.
Во врска со најавената инвестиција за активирање на ТИРЗ „Прдејци“, градоначаланикот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна дека во тек се подготовките за изградба на комунална инфраструктура и снабдување со електрична енергија. Паралелно, се изработува студија за оправданост, за ставање во функција на ТИРЗ „Прдејци“. Ова беше најавено на работна средба на Поцков со директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, при неговата посета на општина Гевгелија, во врска со развивањето на модел за привклекување на домашни и странски инвестиции на локално ниво.