Свечена Божествена Литургија во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија
По повод големиот христијански празник,
Христовото Вознесение-Спасовден, денеска, се отслужи Свечена Божествена Литургија во манастирот „Свети Спас“ во Гевгелија. На литургијата, по повод Спасовден, заштитникот на градот Гевгелија, присуствуваше и градоначалникот Сашо Поцков, а чиноначалствуваа Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Повардарски, г.Агатангел во сослужение со Неговото Преосвештенство, Митрополитот Брегалнички, г. Иларион и Неговото Преосвештенство, Митрополитот Европски, г. Пимен.
Пред многубројните верници собрани во манастирската црква „Свети Спас“, г. Агатангел честитајки им го големиот христијански празникот, Христовото вознесение, истакна дека токму сега е времето кога е потребен духовен мир да ги исполни срцата и душите на сите присутни, на градскиот татко, на нивните семејства, како и на целиот македонски народ.
Не треба, продолжи тој, да не разделува ниту верската ниту националната ниту политичката разноликост, потребно е световно и духовно единство, потребна е љубов и почит еден кон друг, за да можеме да си го зачуваме нашиот идентитет, нашиот јазик и сите наши културни и општествени вредности, нагласи Митрополитот Повардарски г.Агатангел.