Потпишан Меморандум за соработка со UN Women за примена на родово одговорно буџетирање
Во рамките на проектот „Промовирање
на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, претставници на Општина Гевгелија учествуваа на тридневната обука за род и вклучување на родовата перспектива во локалните политики и буџети и менторската програма за родово одговорно буџетирање на UN Women. Општина Гевгелија е вклучена во проектот со уште 9 нови општини: Oпштина Карпош, Општина Струга, Општина Старо Нагоричане, Општина Македонска Каменица, Општина Виница, Општина Чашка, Општина Делчево, Општина Македонски Брод и Општина Кавадарци, со кои UN Women ја прошири поддршката за родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетски процеси со потпишување на Меморандуми за соработка.
Соработката со 10-те нови општини ќе продолжи и со нови активности за: систематска примена на родово-одговорното буџетирање како алатка во креирањето на општинските политики и буџети, јакнење на капацитетите на општинската администрација и општинските совети за исполнувањ на заложбите во согласност со ЗЕМЖМ и НСРЕ, унапредување на собирањето на родови разделени податоци, подобрување на состојбата на мажите и жените на локално ниво, осигурување дека алатките за вклучување и консултација на граѓаните во процесите на одлучување на локално ниво ги земаат предвид подеднакво потребите на жените и мажите и размена на искуства на национално и регионално ниво и учење од добри практики за воведување на РОБ воспоставени во други земји.
Проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“ финансиски е поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој - Сида.