Јавна расправа на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет“
Во организација на Центарот за поддршка
на НВО- Гевгелија, а во соработка со Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и Национален младински совет (НМСМ)- Скопје, на 17 јуни, во хотел „Аполонија“, со почеток во 12 часот, ќе биде одржана јавна расправа на тема „Состојбата и предизвиците на лицата со телесен инвалидитет.
Целта на јавната расправа е учесниците да бидат информирани и запознаени со тековната сосојба, можностите и новите законски можности и политики кои ќе им овозможат на лицата со телесен инвалидитет подобрување на личниот и социјалниот живот, како и активно вклучување во општествениот живот.