Во тек е уписот на ученици во прва година средно образование
Во тек е првиот уписен рок за ученици
во 1 година средно образование, во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија. Првиот уписен рок започна на 14 јуни, од 12:00 часот и траеше до 19 часот. Запишување на учениците во првиот рок ќе се врши и на 15 и 16 јуни, 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни, 2021 година, во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни, 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни, 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни, 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни, 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни, 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на Училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули, 2021 година.
Во СОУ „Јосиф Јосифовски“ - Гевгелија за учебната 2021/2022 година според утврдените наставни планови и програми во прва година ќе се запишат 286 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик и тоа во:
- Гимназиско образование - 102 ученика, 3 паралелки, 55 поени минимум;
- Гимназиско образование - 34 ученици, 1 паралелкa, 60 поени минимум (македонско - француска билингвална паралелка);
- Угостителско - туристичка струка - 50 ученика, 2 паралелки - хотелско - туристички техничар *(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО- РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум;
- Kелнер / готвач мак 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум *(соработка со компаните ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, САНСЕТ-ЈПФ ДООЕЛ Гевгелија, МОТЕЛ ВАРДАР МТС ГРУП ДООЕЛ Гевгелија, ПРИНЦЕС ГРУП ДОО- РАМАДА ПЛАЗА ХОТЕЛ Гевгелија, ФЛАМИНГО МАКОТЕН ДООЕЛ Гевгелија);
- Машинска струка - 50 ученика, 2 паралелки - машински техничар за моторни возила *(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 поени минимум;
- Aвтомеханичар / заварувач *(соработка со компаниите ФОРТУНА ИНТЕРНАЦИОНАЛ ДООЕЛ Гевгелија, ДОЈРАН СТИЛ ДООЕЛ Дојран, КОНТИ ХИДРОПЛАСТ ДООЕЛ Гевгелија, МОТО ПРОМ ДООЕЛ Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 поени минимум Економско - правна и трговска струка - 25 ученика, 1 паралелка - економски техничар *(соработка со компаниите КОЛЕВКО ОФИС ДООЕЛ Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија и со Општината Гевгелија) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 60 поени минимум;
- Здравствена струка - 25 ученика, 1 паралелка - физиотерапевтски техничар/ гинеколошко-акушерска сестра *(соработка со ЈЗУ Општа болница Гевгелија, Негорски Бањи АД Гевгелија,) макс. 25 уч. 1 пар. 4 г.тр. 70 поени минимум.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни.
Условите за запишување на учениците во прва година се: - да имаат завршено основно образование; - да не се постари од 17 години; - да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование: а) гимназиско образование; б) стручно образование и обука; в) средно уметничко образование; г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби; - да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс. Критериуми за избор на учениците се: - среден успех на ученикот од VI до IX одделение; - среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката); - дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје; - средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.