„Летен карван на книгата 2021“ во Гевгелија
Од денеска започнува четиридневниот
„Летен карван на книгата 2021 година“ во Гевгелија. Штандовите со книги од издавачките куќи: „Арс Ламина“ „Три“, „Полица“, „Антолог“, „Култура“, „Сакам книги“, „Бата прес“, „Паблишер“ и „Феникс“ ќе бидат поставени пред платото на Народниот театар од 16 до 19 јуни, 2021 година. „Летниот карван на книгата“, чиј главен организатор е Македонската асоцијација на издавачи, ќе се организира во повеќе градови во државата, а официјално започна на 2 јуни, во Струмица. Гевгелија е втората дестинација каде се реализира летната книжевна авантура.
Организатор на „Летниот карван на книгата 2021 година“ во Гевгелија е ЈОУ Градска библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија во соработка со Домот на културата „Македонија“- Гевгелија.