Концерт на класична музика во Гевгелија- „Музика за 30 прсти“
Во организација на ООМУ „Васо Карајанов“,
а во соработка со Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, утре (18 jуни, 2021 година), со почеток во 19 часот, во Народен театар Гевгелија, ќе биде одржан концерт на класична музика насловен „Музика за 30 прсти“. На коцертот ќе настапат пијанистките Сара Пројковска, Марија Вршкова и Елена Атанасовска-Ивановска со дела од: Черни, Крас, Де Фаља, Рахманинов и Бајнов.
Концертот се организира со почитување на здравствените протоколи за јавни настани.
Програма:
К. ЧЕРНИ
- Фантазија на тема aрии од опери на Доницети
Ж. КРАС
Ames d’enfants:
- Pures
- Naives
- Mysterieuses
М. ДЕ ФАЉА
- Шпански танци
С. РАХМАНИНОВ
- 2 Пиеси за 6 раце
Т. БАЈНОВ
- Metrorhythmia 1