На 29 јуни, 63 седница на Советот на Општина Гевгелија
Советот на Општина Гевгелија, на 29 јуни,
2021 година (вторник), ќе ја одржи својата 63 седница. Седницата на Советот ќе се одржи во Големата сала на Советот на Општина Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, со почитување на протоколите за заштита и спречување на ширењето на Корона вирусот. За 63 седница е утврден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на О. Гевгелија,
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на нов член на Советот на О. Гевгелија,
3. Предлог-Одлука за пренамена на Буџетот на Општина Гевгелија за 2021 година,
4. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план (ребаланс) за 2021 година за сметката на наменски блок-дотации на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија,
5. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план по ставки и потставки за 2021 година на сметка приходи од буџетот за дотации на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија,
6. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на финансовиот план за расходи за блок-дотации на ООУ „Климент Охридски“- Миравци за 2021 година,
7. Предлог-Одлука за позајмица на средства од Општинскиот буџет за реализација на Проектот: Одржливо управување на прекуграничните водни ресурси, реф. бр. AQUA-M II-CN1- SO 2.3 – SC021,
8. Предлог-Одлука за определување на крајбрежен појас на водотек, река Рауљ, низ блок 10.5 на град Гевгелија, опфатен со Урбанистички план за измена и дополнување на ДУП за дел од блок 10.5 на град Гевгелија,
9. Предлог-Одлука за давање на користење и располагање на Градскиот стадион – Фубалското игралиште во Гевгелија на ФК „Кожуф“- Гевгелија,
10. Предлог-Решение за именување членови во Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Гевгелија од редот на членовите на Советот на Општина Гевгелија,
11. Информација за состојбата со јавното осветлување во населените места во општина Гевгелија,
12. Информација за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија,
13. Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01.2021 г. – 31.03.2021 година,
14. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Центар за развој на Југоисточниот плански регион, бр. 07-230/1 од 29.01.2008 година.