Излезе од печат јунскиот број на „Гевгелиски магазин“
Излезе од печат јунското издание на „Гевгелиски магазин“
- месечник што го издава Општина Гевгелија. Во ова 92 издание на редовниот месечник на читателите им се нудат повеќе интересни теми, информации, извештаји за работата и животот во Општината. Тема на ова јунско изфание е „Летната инвестициска офанзива“, која е во тек во Општина Гевгелија, во која започнува реализацијата на дури 3,8 милиони евра грантови средства, со кои значително ќе биде подобрена патната и комуналната инфраструктура во oпштина Гевгелија. Паралелно, со буџетски средства ќе бидат финансирани уште неколку капитални проекти.
Покрај актуелностите во изминатиот период, „Гевгелиски магазин“ го пренесува и интервјуто на градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков за „Економија и Бизнис“, под наслов „Одржливиот еколошко-економски развој - главен предуслов за успешно функционирање на општината. Во прилогот за „Култура“, „Со слика и збор“, Гевгелиски магазин информира за одбележувањето на „Спасовден 2021“. Додека пак, на страниците за младите опширно информира за уписот во СОУ„Јосиф Јосифовски“ и другите младински активности. Во месечникот можат да се најдат и редовните рубрики „Хроника“, „Спорт“, „Со слика и збор“, во кои читателите се информираат за актуелностите од повеќе дејности во општината.