Почна бетонирањето на влезната улица во Серменин
Почна бетонирањето на влезната улица во
Серменин, за што од Mесната заедница и жителите на ова потпланинско село беше поднесено барање. Улицата е во должина од 650 метри, а широчина од 4 метри, од самиот влез на населбата, па се центарот на Серменин. Вредноста на целиот проект изнесува 2.751.182 денари, кои средства се обезбедени од Oпштинскиот буџет. Изведувач на работите е фирмата „Мансард“, која имаше најповолна понуда на објавениот јавен повик.
Последниве години Серменин, станува се попривлечно, како за туристите, така и за голем број граѓани на општина Гевгелија и регионот, кои овде подигаат викенд-куќички. Овде веќе заживува руралниот туризам и се зголемува туристичко-угостителската понуда. Оттука и значајноста од изградбата на оваа сообраќајница, особено, ако се има предвид дека патот од Негорци до Серменин е целосно уреден.