Општината со повик до младите за членување во Иницијативен одбор
Општина Гевгелија објави јавен повик за пријавување
на заинтересирани кандидати кои ќе членуваат во Иницијативниот одбор за формирање на Локален младински совет. Јавниот повик трае 14 работни дена, до 16 јули, 2021 година. Истиот е објавен на официјалната веб-страна на Општина Гевгелија, во кој се наведени критериумите и потребната документација за аплицирање.
Членови на Иницијативниот одбор можат да бидат млади номинирани од младински организации или друг тип младински структури од општина Гевгелија. Иницијативниот одбор ќе го води основањето на Локалниот младинскиот совет и неговите активности, се до формирањето на Локалното собрание за млади. Ќе работи на креирање на структурата на телата и промоција на потребата од младинско организирање и младинско учество на локално ниво, согласно Законот.
Повеќе информации за повикот на следниов линк: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧЛЕНОВИ ВО ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ФОРМИРАЊЕ ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ.