Втората дезинсекција против комарци на 9 јули
Центарот за развој на Југоисточниот плански регион
во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво адултно прскање по земјен пат против комарци. На 9 јули, 2021 година (петок), второто прскање по земјен пат против возрасни комарци ќе биде извршено во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, во периодот од 20:00 до 04:00 часот. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.
Согласно договорот и препорачаните интервали за навремено прскање против комарци oд страна на Центрите за јавно здравје за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци, во општина Гевгелија и во останатите општини следи уште едно третирање по земјен пат, односно теристичка, аеросолна дезинсекција против возрасни комарци со УЛВ метода.