Нови 22 занаетчии преку мерките за самовработување на Владата
На последната 63 седница на Советот на Општина Гевгелија,
советниците беа информирани за состојбата со занаетчиската дејност во општина Гевгелија. Според извештајот на Регионалната занаетчиска комора- Гевгелија, на подрачјата на општините: Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран претежно се обавуваат занаетчиските дејности: фризери, козметичари, автолакери, лимари, електричари, ѕидари, молери, поставувачи на подни облоги и тишлери. Вкупната бројка на регистрирани занаетчии изнесува 300 вршители. Како што е наведено во извештајот, интересот за други занаети стагнира поради неможноста за афирмација и остварување нередовен прилив на парични средства. Па, дејностите ги објавуваат во склоп на други правни субјекти (ДООЕЛ И ДОО).
За време на КОВИД-пандемијата кога беа во сила рестриктивните мерки- полицискиот час, Владата на РСМ со економските сет-мерки им додели неповратен износ парични средства од 8 плати за покривање на придонесите и за опстојување како би се вршела дејноста. За време на Корона кризата, за занаетчиите Владата го намали и персоналниот данок за 25%, додека Општина Гевгелија со општинскиот пакет мерки за олеснување на последиците го намали износот на комуналната такса за 2020 и 2021 година.
Преку мерките на АВРМ за самовработување со доделување грантови, во 2020 година регистрирани се вкупно 22 занаетчии и тоа во Гевгелија 10, Богданци 5 и во Валандово 7, додека доброволно без мерки се регистрирани 5 нови занаетчии, во Гевгелија 4 и во Богданци 1.