Опожарена викендичка во близина на браната во Габрово
Денеска, во попладневните часови избувна пожар
во приватна викендичка, во близина на браната во населеното место Габрово. Како што информираа од ТППЕ- Гевгелија, станува збор за тврда градба која целосно е опожарена. По пријавениот пожар, од страна на ТППЕ- Гевгелија е постапено на терен, со две пожарникарски возила и четворица пожарникари за негово локализирање и ликвидирање. Се уште не се познати причините за настанување на пожарот.
Општината апелира до граѓаните за поголема будност и одговорност. Било кога се во прашање посети во шумите и други пошумени или необраснати локации, да не користат запаливи материи кои можат да предизвикаат пожар од пошироки размери. Или пак, кога се спроведуваат работни активности во пошумени или други локации, посебно при палење на сртништата да ги зголемат мерките на претпазливост за да не дојде до опожарување на околината. Исто така, апел се пренесува и за совесно однесување до сите граѓани- сопственици на приватен имот, делувајќи превентивно во насока на заштита од пожари.