Веб-платформа за креирање социјални услуги преку ОКР на локално ниво
Во рамките на програмата „Општинско-корисна работа за 2021 година“,
којa ja спроведува УНДП со општините од РСМ, е изработена веб-платформа www.moja-opstina.mk како помошна алатка за процесот на креирање услуги во ОКР, но и за други предизвици на локално ниво. Со посета на платформата и пополнување анкетен прашалник поврзан со потребните социјални услуги наменети за ранливите категории, граѓаните на општина Гевгелија ќе станат активни чинители при креирањето на услугите. Предложените социјални услуги ќе бидат искористени во креирањето на предлог-програмите за нови социјални услуги кои ќе се реализираат во општина Гевгелија, како дел од програмата „Општинско-корисна работа за 2021 година”.
Минатата година, Општина Гевгелија беше дел од оваа програма со проект насловен „Можности за сите“ кој опфати ангажман на еден образовен асистент за дете со попреченост во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија и тројца негуватели на стари лица. Ангажираните беа финансиски поддржани со средства- 80% од УНДП и 20% од страна на Општина Гевгелија.