Реализирана и втората теристичка дезинсекција против комарци во општина Гевгелија
На подрачјето на општина Гевгелија беше извршено и второто прскање
по земјен пат против возрасни комарци. Скопската фирма „Зотокс“, избрана на тендер со најповолна понуда за годинашното третирање против комарци во рамките на Југоисточниот плански регион, ја спроведе втората теристичка, аеросолна дезинсекција со УЛВ метода за заштита од комарци, скоро на јавна површина од 10 хектари. Третирањето се врши со соодветна апаратура поставена на специјално возило.
Согласно склучениот договор, следи уште едно третирање по земјен пат против комарци на подрачјата на десетте општини. За реализацијата на наредните третирања, граѓаните ќе бидат навремено известени, со цел сопствениците на пчелни семејства да преземаат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите кога ќе се реализираат прскањата. Во рамките на годинашното третирање против комарци, на 20 април и 17 мај, 2021 година, во Гевгелија се реализираа две ларвицидни третирања со расфрлање гранулати на места- жаришта утврдени од надлежните општински служби, на кои се сметаше дека постои присуство на ларви од комарци, односно покрај речното корито на реката Вардар, водотеци и стојни води. И, две теристички аеросолни третирања по земјен пат кои беа реализирани на 7 јуни и 9 јули.