Започнува теренската вакцинација против КОВИД-19 во населените места, во општините Гевгелија, Богданци и Дојран
Од утре ( 14 јуни, 2021 година) започнува теренската
акција за вакцинирање на населението против КОВИД-19 во населените места во општините Гевгелија, Дојран и Богданци, за кои е надлежна и здравствено ги покрива Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Теренското вакцинирање ќе трае до 27 јули, 2021 година. Населението не постаро од 60 години ќе се вакцинира со кинеската вакцина „Синовак“, додека населението од 60 години нагоре со „Астра Зенека“. Општата болница подготви планер, со термини за спроведувањето вакцинација, за што во секое населено место е поставен плакат со информации за локацијата.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, ги повикува граѓаните од Општина Гевгелија да се вакцинираат и да одговорат со масовност во утврдените термини за вакцинирање.
- Ги повикувам сите граѓани во општина Гевгелија да ја искористат оваа шанса, бранејќи се од непријателот со кој се соочува светот- Ковид 19. Затоа што имунизацијата е единственото оружје против заболување и развивање тешка форма на болеста. Имунизацијата е единствениот спас за нормалното функционирање на светот и постепено враќање на луѓето на секојдневниот живот, им порача Поцков на граѓаните од Општина Гевгелија.
Во наредните две недели теренската вакцинација ќе ја вршат здравствените работници на Општата болница-Гевгелија, според следниот распоред:
14 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Богородица;
10:00-12:00 ч.- Стојаково;
12:00-13:00 ч.- Селемлија;
15 јули, 2021: 08:00-09:00 ч.- Милетково;
09:00-13:00 ч.- Миравци;
16 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Давидово;
10:00-11:00 ч.- Габрово;
11:00-12:00 ч.- Петрово;
19 jули, 2021: 08:00-09:00 ч.- Кованец;
09:00-13:00 ч.- Негорци;
20 јули, 2021: 08:00-11:00 ч.- Нов Дојран;
11:00-13:00 ч- Стар Дојран;
21 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Мрзенци;
10:00-12:00 ч.- Прдејци;
12:00-13:00 ч.- Смоквица;
22 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Николиќ;
10:00-11:00 ч.- Црничани;
11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.
Имено, од 12 јули, 2021 година, во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија започна и е во тек имунизацијата на граѓани кои доброволно ќе се јават на Вакциналниот пункт во Општата болница. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација и да се јави на пунктот во времето од 08 часот до 14 часот, секој ден.