Утре, прекинато електроснабдување во Богородица и околината
Утре (15 јули, 2021 година), прекинато електроснабдување
ќе имаат корисниците кои се снабдуваат со електрична енергија од трафостаницата „Водовод- Чаири“, односно жителите на населеното место Богородица, нова и стара пумпна станица, „Пајдаков“, „Сенатор Вардар“, колектор „Богородица“, „Принцес“, БП „Шимов“, Граничен премин, БП „Лукоил“ и околните корисници до „Лукоил“. Прекинот ќе започне во 08:00 ч., а ќе трае до 11:00 ч.м, поради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија.