Граѓаните од општина Гевгелија бараат измени во возниот ред на ЖРСМ
Општина Гевгелија достави забелешка по проектот
за возниот ред, за 2021/2022 година до Железници на РСМ Транспорт АД Скопје. Забелешката е од патувачкиот свет во општина Гевгелија, од страна на студентите, учениците и другите патници. А, се однесува на раното поаѓање на возот бр. 630, во правец на обраќање Гевгелија- Скопје, односно во 04:26 часот. Иницијативата на патувачкиот свет е горенаведениот воз да тргнува малку подоцна, во периодот од 04:45 до 05:05 часот.
Имено, ЖРСМ достави проект за возниот ред до Општина Гевгелија, планиран и изработен врз основа на статистичките показатели на бројот и токовите на патници и врз основа на расположливите технички капацитети, со кои ЖРСМ Транспорт АД Скопје располага. Граѓаните можат да доставуваат забелешки или нови предлози по проектот за возниот ред до 1 август, 2021 година по електронски пат, на следниве е-маил адреси: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или писмено на следнава адреса со назнака: ЖРСМ Транспорт АД- Скопје, Патнички сообраќај „3-та Македонска бригада“ бб 1000 Скопје.
Возен ред за релација СКОПЈЕ-ГЕВГЕЛИЈА, 06:23 и 16:55 ч.
Возен ред за релација ГЕВГЕЛИЈА- СКОПЈЕ, 04:26 и 16:55 ч.