Локализиран пожарот кај старата депонија во Гевгелија
Вчера, во попладневните часови околу 17:25 часот,
до ТППЕ- Гевгелија е пристигната пријава за пожар кај старата депонија, под Прочистителната станица. Од страна на ТППЕ- Гевгелија се преземени мерки за локализирање на пожарот, делувајќи со две пожарникарски возила и 5 пожарникари. Од огнените јазици се зафатени површина со трева и капини. Со брзата интервенција на пожарникарската екипа е спречено проширување на огнот до околните земјоделски површини со жито. Од ТППЕ- Гевгелија истакнаа дека причината за пожарот е подметнување и дека се работи за човечки фактор.
Бидејќи пожарот не е изгаснат, денеска од страна на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија е испратена екипа за целосно гаснење и расчистување на настанатите штети.