Велосипедска патека на булеварот „Гевгелија“
Започна машинското обележување на велосипедската патека
во општина Гевгелија. Имено, во тек е првата фаза од исцртувањето на патеката долж булеварот „Гевгелија“, од кружниот тек на крстосницата со улица „7 Ноември“ до влезот на Гевгелија од страна на фирмата задолжена за годинашното машинско обележување на хоризонтална сообраќајна сигнализација „МС СТОП ИНЖИНЕРИНГ“ од Струмица. Според склучениот договор, велосипедската патека ќе биде обележана на површина од 2000 метри квадратни, со црвена боја. Велосипедската патека, како и обележувањето на спортските игралишта во општина Гевгелија, за првпат се дел од планот за обновувањето на хоризонталната сигнализација со машинско обележување за 2021 година.
Инаку, обележувањето на хоризонтална сообраќајна сигнализација се врши на површина од 9.400 метри квадратни, од кои машинско обележување: со бела боја на полни и испрекинати осовински линии, пешачки премини, стоп линии и стрелки, на површина од 5000 метри квадратни, со жолта боја- успорувачите на брзината, автобуските и такси стојалиштa, на површина од 1000 метри квадратни и со црвена боја- црвените полиња, на површина од 200 метри квадратни. За што Општина Гевгелија издвои 1.082.882 денари од Буџетот за реализација на акцијата.