Непречено се одвива теренската вакцинација против КОВИД-19 во општина Гевгелија и соседните општини
Непречено се одвива теренската вакцинација против
КОВИД-19 во општина Гевгелија и соседните општини за кои е надлежна Општата болница со проширена дејност- Гевгелија. Досега, почнувајќи од 14 јули, вакцинирани се жителите од населените места: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково и Миравци. Според податоците од Општата болница со проширена дејност- Гевгелија, со оваа теренска вакцинација се потрошени вкупно 279 дози. Денеска, медицински тим е на терен во Давидово, Габрово, Петрово.
Во наредните денови, теренската вакцинација ќе се спроведува според следниот распоред:
19 jули, 2021: 08:00-09:00 ч.- Кованец;
09:00-13:00 ч.- Негорци;
20 јули, 2021: 08:00-11:00 ч.- Нов Дојран;
11:00-13:00 ч.- Стар Дојран;
21 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Мрзенци;
10:00-12:00 ч.- Прдејци;
12:00-13:00 ч.- Смоквица;
22 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Николиќ;
10:00-11:00 ч.- Црничани;
11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.
Имено, непречено се одвива и имунизацијата против КОВИД-19 на граѓаните кои се пријавиле доброволно, на двата Вакцинални пункта во Општата болница Гевгелија. Во реализирањето активно се вклучени 4 лекари, неколку медицински сестри и практиканти. Директорот на ЈЗУ Општа болница- Гевгелија, д-р Митко Крџев, изрази благодарност до тимот од Црвен крст-ОО Гевгелија за несебичниот ангажман во административниот дел и помагањето на граѓаните во пополнувањето согласности за вакцинирање.