Ќе се оградува Подрачното училиште во Моин
Во Подрачното училиште во Моин при
ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија се реализира зафат за целосно оградување на училиштето и уредување на дворната површина. Зафатот се реализира со средства од сопствениот Буџет на училиштето. Како што истакна директорот на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, Михаил Петров, со замената на старата со нова ограда дополнително се подобруваат условите за престој на учениците во Подрачното училиште.
Бидејќи, минатата година, пред почетокот на учебната година се реконструираше кровот, се обнови фасадата и се постави изолација. Во училишните простори беа изведени молеро-фарбарски работи, набавени уреди за реализирање ИКТ настава и се реновираа санитарните јазли. Со што, на учениците и на наставниците им се овозможи непречена работа и извршување на училишните задачи кои реализираа настава со физичко присуство за време на пандемијата од КОВИД-19.