За Пописен реон 11 се потребни 88 реонски попишувачи и 9 реонски инструктори
Државниот завод за статистика, денес- 20 јули,
објави Јавен конкурс за ангажирање реонски попишувачи и реонски инструктори. За Пописниот реон 11, кој ги опфаќа подрачјата на општините Гевгелија и Дојран, потребни се вкупно 88 попишувачи и 9 реонски инструктори. Условите за пријавување на Конкурсот се: кандидатите да се државјани на РС Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено минимум средно образование, да се невработени и да знаат да работат на компјутер.
Пријавувањето се врши електронски, со пополнување на е-пријава која секој заинтересиран може да ја најде на веб-страната на Државниот завод за статистика. Конкурсот трае 17 дена, од денес со петок, 5 август. Пописот на населението, домаќинствата и становите во РСМ 2021 година ќе се реализира во периодот од 5 до 30 септември, 2021 година.
НАПОМЕНА: Претходно пријавените и избрани кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори (март, 2021 година) доколку се' уште се заинтересирани да учествуваат во спроведувањето на Пописот 2021, треба повторно да се пријават на новообјавениот конкурс.