Општина Гевгелија меѓу првите општини со највисок процент на вакцинирани граѓани против КОВИД-19
Според статистиката на Министерството за здравство,
Општина Гевглија е една од трите општини со највисок процент на вакцинирани граѓани против КОВИД-19. Прворангирана е Општина Кавадарци до 43,5%, второрангирана е Општина Охрид со 42,9%, а на третото место е Општина Гевгелија со 41%. Најмал процент на вакцинирани граѓани има во: Дебар со 17,3%, Тетово со 17,1% и Кичево со најмал процент на вакцинирани граѓани 15,8%.
Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, на денешната прес- конференција за медиумите упати апел до граѓаните дека вакцините се ефикасни и безбедни:
- Eдинствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани, само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата.
Имено, преку теренската вакцинација во населените места на Општина Гевгелија и соседните општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија, до денеска се вакцинирале 613 граѓани и тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран и Стар Дојран.
Утре и во наредните денови теренската вакцинација продолжува да се спроведува според следниов распоред:
21 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Мрзенци;
10:00-12:00 ч.- Прдејци;
12:00-13:00 ч.- Смоквица;
22 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Николиќ;
10:00-11:00 ч.- Црничани;
11:00-12:00 ч.- Ѓопчели;
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.