Во Општата болница- Гевгелија започна имунизацијата на децата против КОВИД-19
Во Општата болница со проширена дејност- Гевгелија,
на двата Вакцинални пункта започна имунизацијата против КОВИД-19 на децата и младите од 12 до 17-годишна возраст со вакцината на „Фајзер“. Со претходно пријавување на апликацијата vakcinacija.mk и добивање термин за вакцинирање. Досега, во општина Гевгелија има пријавено 40 деца кои сакаат да се вакцинираат и заштитат од КОВИД-19. Како што е познато, вакцинирањето не е задолжително и е по своја волја.
Имено, се уште трае теренската вакцинација во населените места од трите општини, за кои е надлежна Општата болница- Гевгелија. Заклучно со 22 јули, се вакцинирале 996 граѓани. И, тоа од: Богородица; Стојаково, Селемлија, Милетково, Миравци, Давидово, Габрово, Петрово, Негорци, Кованец, Нов Дојран, Стар Дојран, Мрзенци, Прдејци, Смоквица, Николиќ, Црничани и Ѓопчели. Утре и во наредните денови теренската вакцинација продолжува да се спроведува според следниов распоред:
23 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Фурка;
10:00-12:00 ч.- Ѓавото;
26 јули, 2021: 08:00-12:00 ч.- Богданци;
27 јули, 2021: 08:00-10:00 ч.- Моин;
10:00-12:00 ч.- Ново Конско.