Поцков: „Гевгелија полека живнува“
Пандемијата од КОВИД-19 повеќе од една година ги затвори државите,
а тоа најмногу го почувствуваа граничните места. Најмногу бизнис-секторот и услужните дејности во Гевгелија. Особено, денталната медицина која доживеа процвет последните години, а за време на пандемијата остана без пациентите од Грција. Идентично беше и со земјоделците, како главни снабдувачи со релативно евтина храна на Грците. Деновиве, по стивнувањето на бројките на новозаболени од КОВИД-19, тој граничен живот полека се враќа, а Гевгелија полека живнува. Можноста за доаѓање на Грците е отворена, но бенифитите допрва ќе ги видиме, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, во интервјуто за ММС, очекувајќи зголемување на меѓуграничниот промет и повторно заживување на локалната економија. .
- Корона вирусот влијаеше многу и предизвика големи штети на локалниот економски развој, бидејќи затворањето на грчката граниза поради рестриктивните заштитни мерки, го спречи протокот на патници. Пред пандемијата, илјадници Грци секојдневно ги користеа поевтините услуги, особено во денталниот и прехранбениот сектор, другите услужни дејности, а секако и казинскиот сектор, вели Поцков.
- Бидејќи локалниот економски живот целосно запре, Владата на РСМ им излезе во пресрет на стопанствениците со сет мерки, заради ублажување на последиците. Но, како што вели една стара кинеска поговорка - „Секое лошо е почеток на нешто добро“. Кога станува збор за инвестициите, моторна сила може да биде соседна Грција и прекуграничниот промет. Фактот дека во завршна фаза е издавањето на одобрение за градба на новиот капацитет на „Веро“, „Гудис“ и „Џамбо“, во непосредна близина на граничниот премин „Богородица“, е најдобра потврда дека инвеститорите се враќаат во овој прекуграничен регион, вели Поцков.
Како економист и поранешен пратеник кој добро го знае функционирањето и на Централната и на Локалната власт, настојува да се обезбедат нови и сигурни извори за финансирање на општината. Оттука и неговата иницијатива за измени на Законот за игри на среќа, со што еден дел од давачките на казината да се слеваат во Општинскиот буџет:Како економист и поранешен пратеник кој добро го знае функционирањето и на Централната и на Локалната власт, настојува да се обезбедат нови и сигурни извори за финансирање на општината. Оттука и неговата иницијатива за измени на Законот за игри на среќа, со што еден дел од давачките на казината да се слеваат во Општинскиот буџет: - Општината обезбедува инфраструктура за сите туристичко-угостителски и други објекти, вклучувајќи ги и казината, а сега во општинската каса како повраток имаме само данок на имот и дел што преку ДДВ од платите влегува во општината. Поточно, Гевгелија, наспроти развиеноста на казино-туризмот, нема конкретни и поголеми бенефити, сите пари одат во Централниот буџет. Сметам дека дел треба да завршат и кај општината. За што е потребна добра волја и зголемување на степенот на децентрализација. Бидејќи, преголема е зависноста од Централната власт. Нашиот буџет е 570 милиони денари, а само околу 230 милиони е Основнен буџет. Додека останатите 65% се од државата. Мора да се помине кон повисок степен на децентрализација со поголема можност за развој на општината.
За периодот од 3,5 години и актуелната функција Градоначалник, Поцков нагласува дека целосно му се сменила перцепцијата за улогата на Градоначалникот од таа што ја имал пред доаѓањето на чело на општината.
- Кога дојдов во 2017 година, долгот на Општината беше 143 милиони денари што е повеќе од половина буџет. Друго ќе беше ако не беше проблемот со враќање на пари кон локалните фирми. А, тука беше и кредитната задолженост. Гевгелија има кредит кај Светска банка и Европска банка од околу 2 милиони кои треба да се враќаат - 120.000 евра да се враќаат од Основниот буџет. Значи приоритет беше финансиското консолидирање и добро менаџирање на Општината. Освен тоа, голем дел од работите што ги бараат граѓаните не се во наша надлежност, но нема бегање, се вртат телефоните, се бара решение. Ако по нешто сега е препознаена локалната власт во Гевгелија, тоа е по финасиската стабилност, нема нови долгови, исплатите се редовни, а за новиот водоснабдителен систем се исплaќа петтата рата - тоа се скоро 22 милиони денари. Во моментот, во Гевгелија има три крупни инвестиции, но се вложува и во другите 12 населени места. Имаше три населени места каде ништо не се вложило, а се уште четири села немаат канализација, затоа настојуваме канализација да добијат и овие последни населени места. Со 890.000 евра грант од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, ќе се гради улица во село Мрзенци, ќе се гради и каналзиација во две населени места. Иако, граѓаните ги платиле комуналиите, во трите нови станбени населби во Гевгелија, на Мрзенски Рид, Касарната и Караорман, немаше изградено инфраструктура. Затоа, се зафативме со решавање на овој проблем, вели Поцков во интервјуто, објаснувајќи ја ситуацијата и со носењето на урбанистичките планови:
- 20 детални урбанистички планови чекаат на одобрување, а дел од нив се и поради археолоишкиот локалитет Вардарски Рид, каде што поради археолошките истражувања, кои конкретно не се знае кога ќе завршат, постапката за донесување на ДУП-от со години се пролонгира. И тоа, на штета на инвеститорите или пак на нас како општина, којашто е заинтересирана за изградба на новата градинка, што е неопходност, бидејќи меѓу 80 и 100 деца секоја година чекаат за прием. Решението е најдено во поделба на планот и тој проблем засега е решен, но постапката за донесување на другите урбанистички планови е забавена.