Појаснување за даночните обврзници во Општина Гевгелија
Општина Гевгелија ги известува даночните обврзници дека
во рамките на проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите (СРМА), Центарот за економски анализи, кој е имплементатор на проектот на УСАИД, им доставило известување за плаќање на заостанатиот долг. Ваквото известување има за цел да ги потсети даночните обврзници за обврските, но и за подготвување на една поцелосна анализа за зајакнување на финансискиот капацитет на локалната самоуправа.
Бидејќи известувањето не е печатирано од Општина Гевгелија, истото предизвика забуна кај одредени даночни обврзници, поради што ги известуваме дека истото е дел од предвидените активности со проектот. Доколку во меѓувреме сте го подмириле својот долг кон Општината, Ве молиме ова известување не го земајте предвид.
Инаку, главен изведувач и имплементатор на проекот на УСАИД е Cardno Emerging Markets Ltd, како и со Центарот за економска анализа (ЦЕА). Општина Гевгелија е дел од првата група, во која се вклучени 16 општини од РСМ во проектот на УСАИД , чија цел е преку партнерство со Владата на Република Северна Македонија и единиците на локалната самоуправа да ја зајакне одржливоста на општинските финансии и да го унапреди процесот на фискална децентрализација.