Формирање краток синџир за снабдување со храна од локални производители
Фондацијата за локален развој и развој на
информатички технологии - (ФЛОРИТ) - Гевгелија во наредните 5 месеци ќе го имплементира проектот „Формирање на краток синџир за снабдување со храна од локални производители“, поддржан од страна на Генералниот секретаријат при Влада на РСМ.
Општа цел на проектот е овозможување на услови за зголемување на приходите на малите произведувачи на храна и привлекување нови, преку формирање на краток синџир за дистрибуција на храна во Гевгелиско - Валандовскиот регион
Со Проектот, помеѓу другото, се планирани и следните активности:
- Воспоставување и тестирање на нов систем на директна продажба на земјоделски производи од познат производител до заинтересирани потрошувачи или група на потрошувачи, чии побарувања се во поглед на квалитетот на храната, начинот на испорака (со што помалку контакти/врски) и стекнување доверба на релација производител - потрошувач;
- Градење поголема свест кај производителите и потрошувачите во врска со вредноста на локално произведена храна;
- Изработка на план за обезбедување со храна во микро- регионот во услови на пандемија.
Проектот е одобрен во рамки на Програмата за финансирање на програмски активности на здруженија и фондации за 2021 година, а е еден од 33-те одобрени од вкупно 271 аплицирани проекти.