Уште една успешна интервенција- изгаснат пожарот близу Богородица
Денеска, во попладневните часови околу 12 часот,
во Гевгелија избувна уште еден пожар над БП „Лукоил“- Гевгелија, на боровата шума покрај стариот пат кон Богородица. Од ТППЕ- Гевгелија информираа дека пожарот навремено е локализиран и истиот е изгаснат. Со помош на две пожарникарски возила, механизација и возило на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија, механизација на градежната компанија „МЛАЗ ИНЖЕНЕРИНГ ТРАСНПОРТ“, граничната полиција, странската полиција, ПС- Гевгелија, вработените од хотел-казината „Скај“ и „Принцес“ БП „Лукоил“ и жителите од населеното место Богородица. Пожарот зафатил површина од 1 хектар борова шума и сува трева.
- Навремената интервенција го спречи пожарот да се прошири кон населеното место Богородица, БП „Лукоил“ и хотел-казината „Скај“ и „Принцес“. Уште една успешна акција, со која надлежните органи во соработка со граѓаните не дозволија да дојде до катастрофа од поголем размер. Причината за настанување на пожарот е човечки фактор, истакна командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, истакна посебна благодарност до жителите од населеното место Богородица за нивниот придонес и соработката со надлежните органи, поздравувајќи ја потврдената одговорност кога се работи за катастрофи во кои се засегнати човечките животи и уништувањето на природата.