Со реализацијата на третото прскање заврши овогодинешниот третман против комарци
На подрачјето на општина Гевгелија беше извршено
и третото последно прскање по земјен пат против возрасни комарци. Скопската фирма „Зотокс“, избрана на тендер со најповолна понуда за годинашното третирање против комарци во рамките на Југоисточниот плански регион, со специјално возило во вечерните часови низ Гевгелија и населените места ја спроведе третата теристичка, аеросолна дезинсекција со УЛВ метода за заштита од комарци, скоро на јавна површина од 10 хектари.
Со третото прскање, согласно склучениот договор, заврши овогодинешниот третман против комарци. Имено, во рамките на годинашното третирање против комарци, на 20 април и 17 мај, 2021 година, во Гевгелија се реализираа две ларвицидни третирања со расфрлање гранулати на места- жаришта утврдени од надлежните општински служби, на кои се сметаше дека постои присуство на ларви од комарци, односно покрај речното корито на реката Вардар, водотеци и стојни води. И, три теристички аеросолни третирања по земјен пат кои беа реализирани на 7 јуни, 9 јули и 5 август.