Попис 2021: Пријавувањето на кандидати за Попис 2021 продолжува до 17 август
И покрај продолжувањето на Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори,
на кој можеше да се аплицира изминатите 24 дена, се уште нема пријавено доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори и во Пописен реон број 11 (Општини Гевгелија и Дојран). Затоа, Државниот завод за статистика го продолжува рокот за уште 7 нови дена. Така, сите заинтересирани кандидати за реонски инструктори / попишувачи во нашиот Пописен реон, кои од одредени причини не успеале да се пријават досега, имаат можност тоа да го сторат во наредните денови – заклучно со 17 август.
Ги повикуваме сите заинтересирани кандидати за реонски инструктори / попишувачи од подрачјата на Општините Гевгелија и Дојран да се пријават. Пријавувањето се врши електронски, со пополнување на е-пријавата која може да се најде на веб-страната на ДЗС или на веб-страната на Општина Гевгелија.
Тестирањето на пријавените кандидати е планирано за 19 и 20 август, во Гевгелија. Пријавените кандидати документите со кои ќе потврдат дека ги исполнуваат конкурсните услови (фотокопија од лична карта иоли пасош, фотокопија од свидетелство / диплома за завршено минумум средно образование и потврда дека се невработени и имаат познавање од работа со копјутер во хартиена форма, доколку ги немаат испратено по пошта до ДЗС, можат да ги предадат на Комисијата на Пописен реон 11 пред почетокот на самото тестирање.
Комисија на Пописен реон 11 – Гевгелија и Дојран