Општина Гевгелија меѓу општините со активна транспарентност
Врз основа на направениот мониторинг и извештајот на
Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Општина Гевгелија се наоѓа на 13 место меѓу 47 општини и Центри за плански региони со високо нивно на транспарентност. Од можните 22 поени за 22 категории согласно Законот за слободен пристап за информации од јавен карактер, Општина Гевгелија има освоени 15,5 поени. Според доставениот извештај, Општина Валандово го зазема првото место, со вкупно 20 поени, додека Општина Арачиново се наоѓа на последното место со 2 поена.
Мониторингот беше спроведен во периодот од 1 до 20 јули, 2021 година, од страна на Одделението за соработка и анализи. Беа мониторирани официјалните веб-страни на 88 иматели на информации, од кои 6 Центри за развој на плански региони и 82 општини. Со заклучок дека кај имателите се уште е високо нивото на активна транспарентност, како основа за демократските процеси- информации за работа на имателите и одговорна власт. Целта на мониторингот, согласно законската обврска за транспарентност, е лесната достапност до информаците. Односно, имателите на информации со својата транспарентност и отчетност да им го доближат своето работење на граѓаните и адекватно да носат заклучоци партиципирајќи во носењето одлуки за прашања кои се од нивен интерес.