Црвен крст ОО Струмица објави Конкурс за обука на негуватели на стари лица и лица со попреченост
Врз основа на верификација на посебната
Програма за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, во рамките на проектот „Развој на деловни услуги за интегрирама грижа и поддршка во Црвен крст на РСМ“, поддржан од Австриската агенција за развој, австрискиот и швајцарскиот Црвен крст, ОО Струмица при Црвен крст на РСМ го распиша Конкурсот за обука на негуватели и помош и нега на стари лица и лица со попреченост.
На Конкурсот може да се пријават сите заинтересирани лица, жители на општините Гевгелија, Валандово и Радовиш кои сакаат да се оквалификуваат и да се стекнат со верификуван сертификат за негуватели на стари лица и лица со попреченост, исполнувајќи ги следниве услови:
- да се државјани на РСМ,
- да имаат 18 години,
- да се психо-физички способни за работа,
- да имаат минимум основно образование,
- да се мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост,
- да бидат мотивирани по обукаа и да се јават како даватели на услугите во сервисите за нега во домашни улгуги при ОО на Црвен крст- Гевгелија, Валандово Радовиш.
Пријавувањето трае до 20 август, 2021 година, а заинтересираните лица можат да се пријават на следниов меил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Или, по телефон: 070382229. Обуката за негувател за помош на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана и бесплатна.