Евидентирани 142 пожари од ТППЕ- Гевгелија
За периодот од 1 јануари до првата половина на
август, 2021 година, во извештајот на ТППЕ- Гевгелија стои дека на подрачјето на општината и соседните општини, за кои е надлежна, се евидентирани 142 пожари. Од кои, поради екстремно високите температури во летниот период, половина од пожарите- 72 се настанати во последните три месеци. Главно: 20 полски пожари, 11 шумски, 8 на објекти и при технички интервеции во сообраќајни незгоди. Додека, останатата бројка припаѓа на пожарите во дивите депонии.
Само, на почетокот на август, во период од два дена, 3 поголеми пожари избија на шумскиот појас покрај грчко[1]македонската граница, пожарот близу Богородица над хотел-казиното „Скај Синот Топ“ и на патниот правец Гевгелија- Негорци. При овие пожари беше зафатена огромна површина борова шума, некаде над 40 хектари, а во нивното гаснење учествуваа, освен пожарникарите, и вработените од ЈПКД „Комуналец“ и Шумско стопанство- ПЕ „Кожув“- Гевгелија, вработените од хотел „Фламинго“, хотел „Принцес“, БП „Шимов“, граничната полиција, ПС- Гевгелиja, како и голем број граѓани, нагласи командирот на ТППЕ- Гевгелија, Игор Ризов, упатувајќи апел до граѓаните:
- Иако состојбата со пожарите е под контрола и ТППЕ- Гевгелија брзо реагира за нивно ликвидирање, апелирам до граѓаните од општината за совесно однесување, особено, што и во наредниот период се очекуваат високи температури. Да внимаваат при фрлањето на отпушоци од цигари, а сопствениците на земјоделски површини да не ги палат стрништата и земјоделските отпадоци.
Освен, интервенциите при пожари на подрачјата на општина Гевгелија и соседните општини, во ТППЕ- Гевгелија редовно се одржуваат настава и обуки за стручно оспособување и усовршување на вработените пожарникари, се одржуваат дневни и неделни прегледи на ПП-возилата, техничката опрема и личната заштитна опрема, а сите дефекти навремено се отстрануваат од овластен сервисер.